Сите се уплашија во Баерн: Толисо се фати за срцето и падна на тревата

Драматична ситуација се случила на тренингот на Баерн Минхен кога францускиот интернационалец Корентин Толисово еден момент се фатил за срцето и полека седнал на тревата. На репрезентативецот на Галските петли неколку секунди не му било добро, а веднаш реагирал тренерот Нико Ковач.

Хрватскиот стратег се уплашил дека неговиот играч доживеал срцев удар и веднаш беше повикана лекарската екипа. Пo прегледот, било констатирано дека Толисо нема посериозни здравствени проблеми, но сепак за него тренингот предвреме завршил.

 

- Оглас -

Најнови вести