Сите три македонски екипи во Лигата на Европа денеска се во улога на аутсајдери

Денеска три македонски претставнци ќе играат во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и Шкупи ќе ја бранат гордоста на македонскиот фудбал, а противници ќе им бидат Зрињски, Алашкерт и Пјуник.

Од сите мечеви во Лигата на Европа, први на терен ќе излезат токму играчите на Шкупи, и тоа на гости кај Пјуник, во 15:30 часот. Ерменскиот клуб е добро познат на македонските простори. Во еврокуповите, Пјуник ги има елиминирано Вардар и прилепската Победа. Сега Пјуник е фаворит и за триумф против Шкупи, па коефициентот за „кец“ е 1,62 во Sport Life обложувалници.

Од 17 часот следи дуелот на Македонија ЃП на гости кај Алашкерт. Коефициентите се слични како тие во Ерменија. Победа на Алашкерт е 1,70 коефициент, додека Македонија ЃП да направи изненадување се „плаќа“ со коефициент 4,50.

Академија Пандев е единствениот македонски тим кој утре игра дома. Струмичани ќе бидат домаќини на Зрињски на арената „Тоше Проески“ во Скопје, а дуелот е од 19 часот. Коефициентите ги прават гостите да бидат благи фаворити. Победа на Академија Пандев вреди коефициент 3,20, додека за фикс „двојка“ коефициентот е 2,25.

Освен трите меча во коишто играат македонски клубови, денеска низ цела Европа ќе има вкупно 43 натпревари од квалификациите за Лигата на Европа. Одлична понуда за обложување на сите овие меча има во Sport Life обложувалници.

 

- Оглас -

Најнови вести