Сити 16 години не победил на „Енфилд“ па нема ни сега, Јувентус оди на 9 од 9 против Милан

Јувентус – Милан (20:45 ч.)

Некогаш беше дерби, сега треба да биде сигурна победа за шампионот. Милан од меч во меч се повеќе разочарува, па тешко дека на гостувањето во Торино ќе успее да блесне. Традицијата вели дека Старата дама ги има добиено последните осум меча против Росонерите, кои и сезонава веќе имаат шест порази во 11 кола.

Јуве дома има пет од пет со 12 дадени голови, па сѐ освен победа на домаќинот ќе биде големо изненадување.

Предлог тип: 1&0-3 (2.08)

 

Атлетико Мадрид – Еспањол (16 ч.)

На 12 од последните 14 меѓусебни меча немало повеќе од два гола на овие ривали, а дури 13 пати било НГ, односно дека еден од двата тима нема да постигне погодок. Традициите секогаш се тука и за да се рушат, но начинот на кој играат двете екипи, навестува слично сценарио и денеска.

Атлетико има четири реми во последните пет кола и конечно сака да се израдува на три бода, а тимот кој е претпоследен на табелата и има дадено само шест погодоци во 12 меча е вистински ривал за такво нешто.

Предлог тип: 1&0-2 (2.75)

 

Ливерпул – Манчестер сити (17:30 ч.)

Кој е поблиску до титулата? Директниот дуел најдобро може да покаже дали Ливерпул поо 30 години чекање созреа да биде првак на Англија, иако има уште многу до крајот на сезоната.

Домаќините феноменално ја започнаа сезоната и со 31 од можните 33 бода се лидери. Сити веќе заостанува шест бода, но првакот секогаш знаел да се покаже во најдобро светло кога е најпотребно. Манчестер ќе биде без првиот голман Едерсон, но и Клаудио Браво е искусен за дерби дуели.

Граѓаните последен пат победиле на „Енфилд роуд“ на 3 мај 2003 година со 2:1, што значи дека повеќе од една и пол деценија не се израдувале на легендарниот стадион. Нападот е главна одлика на двата тима и се знае дека тука мора да има погодоци. Во последните 26 меѓусебни средби, само еднаш било 0:0.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.98)

 

Манчестер јунајтед – Брајтон (15 ч.)

Делува чудно, но Брајтон е шест позиции пред Манчестер на табелата во Премиер лигата. Црвените ѓаволи ја играат најслабата сезона во последните 30 години, па време е тоа да сопре. Само три победи во 11 кола е очаен биланс за избраниците на Оле Гунар Солскјер, а Брајтон е ривал по мерка за да се донесе нова радост на „Олд Трафорд“.

На сите претходни три гостувања во Манчестер, Брајтон си заминувал поразен. Домаќините имаат големи проблеми со повредени играчи (Погба, Јанг, Шоу, Матиќ, Гомес, Фосу-Менсах, Бејли…), но сепак треба да победат.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Удинезе – СПАЛ (15 ч.)

Дуел на две екипи од долниот дел од табелата. И двете играат без многу калкулации што покажува фактот дека по 11 кола имаат само по едно реми. Нападот е проблем и за Удинезе и за СПАЛ, па затоа првите имаат дадено само 8 гола, а гостите се со само седум погодоци во досегашниот дел од сезоната.

На меч на кој нема да има многу квалитет, желбата за бодови треба да преовлада. Удинезе ја има предноста на домашен терен, а фактот дека СПАЛ сезонава на пет гостувања претрпе исто толку порази и тоа без да даде ниту еден гол, го прави тимот од Удине да биде фаворит за триумфот.

Предлог тип: 1 (2.18)

Во Sport Life на денешната понуда за квоти на денот ги имате:

Атлетико Мадрид – Еспањол Т1 1+I&T1 2+ (2.40)

Ливерпул – Манчестер сити ГГ3+ (2.00)

Јувентус – Милан 1Х&3+ (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести