Сити ефикасен, а Палас е во еврозоната

Манчестер сити триумфираше на гостувањето кај Барнли со 4-1 благодарение на Габриел Жесус, Родриго и Марез и привремено го зазеде второто место на премиерлигашката кариера.

Последните 11 гола на Жесус за Сити, Бразилецот ги постигна на гостински терен. Тој беше двоен стрелец, потоа погоди и Родриго, а точка стави Ријад Марез со својот 50-ти гол во Премиер лигата. Жесус изби на трето место на најефикасни Бразилци во Англија. Пред него се само Фирмино со 52 и Кутињо со 41. Од денешните погодоци, посебно атрактивен беше првиот на Жесус и може да го погледнете ТУКА.

Кристал палас го победи Борнмут со 1-0 и дојде до 15-тата победа во оваа календарска година. Со тоа, Палас во 2019 има повеќе триумфи во Премиер лигата од Арсенал, Манчестер јунајтед и Тотенхем, па затоа е петти на табелата.

- Оглас -

Најнови вести