Сити го освои ФА Купот и сега е на еден меч од повторување на историскиот успех на Јунајтед (Видео)

Манчестер сити е освојувач на трофејот во ФА Купот на Англија. Во големото финале на стадионот „Вембли“ во Лондон, Сити со 2:1 го победи градскиот ривал Манчестер јунајтед. За Граѓаните ова е двојна круна во Англија, откако претходно се радуваа и на трофејот во Премиер лигата.

Фантастичен беше стартот на финалето за Сити. Само 12 секунди беа потребни за Граѓаните да поведат и тоа со голот на Илкај Гундоган. Тоа е најбрзо постигнатиот погодок во историјата на ФА куп финалињата.

Јунајтед успеа да израми и тоа од пенал во 33 минута кога прецизен беше Бруно Фернандеш. Со овој гол на Фернандеш, за прв пат во историјата на ФА куп финалињата, се случува капитените на двата тима да постигнат голови и тоа во првото полувреме.

На почетокот на второто полувреме Сити повторносе израдува и тоа повторно на погодок на Гундоган. Искусниот германски интернационалец повторно погоди со шут надвор од шеснаесетникот за голема радост на навивачите во сини дресови.

На крајот, се покажа дека овој втор погодок на Гундоган е решавачки за победа на Сити и освојување на ФА Купот. Пред Сити сега е уште еден меч, а тоа е финалето во Лигата на шампиони против Интер.

Доколку англискиот тим победи и на тоа финале во Истанбул, ќе биде само вториот англиски клуб со тројна круна за една сезона. Претходно тоа му успеало само на Манчестер јунајтед во легендарната 1999 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести