Сити гостува на стадион на којшто играл петпати и никогаш не дал гол

1802 Ајнтрахт – Мајнц (20.30 часот)

Квотата за победа на Ајнтрахт е доста привлечна, а реално е домашните да го добијат овој меч. Тимот од Франкфурт во последните три кола освои седум бодови, додека Мајнц е тим кој сезонава во 17 меча има само една победа (по осум порази и ремија). Мајнц се бори за опстанок, тие се втор најнеефикасен тим во Бундеслигата и изненадување би било да победат. Во август во Мајнц одиграа 1-1, а фудбалерите кои тогаш дадоа голови, ќе ги нема денеска.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

3001 Каљари – Торино (20.45 часот)

Ова се две непредвидливи и нестабилни екипи кои во последните три кола имаа по една победа, пораз и реми. Мотив за Каљари ќе биде тоа што ова е прв меч по смртта на нивната и италијанска легендата Џиџи Рива, кој им ја донесе единствената титула. Торино има 10 бода повеќе од Каљари, а Биковите се тим кој игра неефикасни мечеви, имаат гол-разлика 18-18 во 20 кола. Каљари има примено двојно повеќе, 36 голови. Традицијата вели дека обично нема многу голови на нивните дуели.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.05)

 

1102 Челзи – Астон вила (20.45 часот)

Откако се пласира во финалето на Лига купот, сега за Челзи е нов предизвик ФА купот, но тука уште во 16-финалето има тежок противник. Олеснителна околност за Сините е што средбата се игра кај нив во Лондон. Ако по 90 минути биде нерешено, ќе се игра нов меч, но во Бирмингам. Во премиерлигашки меч во септември, Астон вила победи на „Стемфорд бриџ“ со 1-0, а во април беше 2-0 за Вила, исто така во Лондон. Челзи дома е во долга серија победи, но Вила не ја совладале на свој терен од септември 2021.

Предлог тип: Т1 1+ полувреме (1.77)

 

1301 Алмерија – Алавес (21.00 часот)

Алмерија е главен кандидат за испаѓање од шпанската лига, има само 6 бода во 21 коло, нема ниедна победа сезонава, но во минатото коло за малку ќе го шокираше Реал во Мадрид во контроверзниот меч кој предизвика многу реакции. Алавес е во златната средина на табелата откако победи во претходните две кола. Алмерија има дадено повеќе голови од Алавес, но проблем им е одбраната. Во ноември, во Виторија, Алавес ја победи Алмерија со 1-0.

Предлог тип: & 0-3 (1.80)

 

1109 Тотенхем – Манчестер сити (21.00 часот)

Петлите и Граѓаните немаа среќа во ждрепката за ФА купот, мора да играат меѓу себе уште во 16-финалето. Двата тима се добро одморени и подготвени за битката, речиси две недели немаат играно меч. Тотенхем го победи Сити во Лондон со 1-0 во минатата сезона, а во декември на „Етихад“ беа спектакуларни 3-3. Последната победа на Манчестер сити на гостување кај Тотенхем беше уште во октомври 2018 година, и тоа на „Вембли“, тоа е и последен пат кога Сити даде гол на гости кај Тотенхем.

Предлог тип: ГГ прво (3.35)

- Оглас -

Најнови вести