Сити и Ливерпул ќе играат на „Етихад“

Манчестер сити доби дозвола да го пречека Ливерпул на „Етихад“ на 2 јули, дербито кое ќе се одржи во рамките од 32-рото коло од Премиер лигата. Граѓаните добија дозвола од градските власти да играат на својот терен наместо на неутрален стадион и покрај сомнежите за собир на навивачи пред стадионот.

Актуелниот првак на Англија ќе го пречека шампионот во искечување, кој уште вечерва може да биде крунисан за нов владетел во Премиер лигата доколку Манчестер сити не успее да го победи Челзи.

Инаку, од претходно е најавено од страна на Пеп Гвардиола дека Ливерпул ќе биде пречекан со шпалир, како што доликува за честитање на освоената титула по 30 години чекање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести