Сити ѝ понуди 70 милиони евра на Севилја за Кунде, за трансфер навива и Бордо

Манчестер сити ѝ понуди на Севилја 70 милиони евра отштета за Жил Кунде, а за трансфер навива и францускиот прволигаш Бордо.

Ако се реализира трансферот и 21-годишниот стопер се пресели во Англија, Бордо ќе се опари со 9 милиони евра. Договорот меѓу францускиот прволигаш и Севилја при продажбата на 21-годишниот Кунде лани е интересен.

Челниците на Бордо веруваа во екстра квалитетот на еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа и се изборија за анекс во договорот, според кој ќе добијат околу 9 милиони евра за следниот трансфер на Кунде од Севилја во друг клуб што би бил повисок од 45 милиони евра.

Севилја му плати на Бордо 25 милиони евра за Кунде, лани во јули, кога младинскиот репрезентативец се пресели во шпанскиот клуб.

Според англиските и шпанските медиуми договорот меѓу Манчестер сити и Севилја е на праг, па Кунде ќе биде дел од силниот состав на англискиот премиерлигаш веќе за сезоната што е во тек.

 

- Оглас -

Најнови вести