Сити ја доби голеадата во Токио: “Граѓаните“ губеа со 2-0, па победија со 5-3 (Видео)

Манчестер Сити со победа ја започна азиската турнеја, откако на Националниот стадион во Токио ја совлада Јокохама со 4-2. Сепак, првиот пријателски натпревар во овие подготовки за “граѓаните“ не започна според планираното.

Јокохама после само 30-тина минути игра веќе имаше водство од 2-0 со погодоците на Андресон Лопес и Мацубара. Манчестер Сити до крајот на првиот дел израмни на 2-2 со два брзи гола на Стоунс и Алварес.

Во вториот дел премиерлигашот продолжи да ја полни мрежата на Јокохомата и со головите на Халанд во 52-рата минута и Родри во 72-рата минута дојде до убедлива предност од 4-2. Сепак, Јокохама успеа да намали на 4-3 со погодокот на Инуе во 86-тата минута, а Ерлинг Халанд со неговиот втор погодок на овој натпревар во 92-рата минута ги постави конечните 5-3 за Манчестер Сити.

- Оглас -

Најнови вести