Сити ќе мора да продолжи да игра во натпреварувањето кое Пеп не го сака, дури е на чекор и од рекорд

Манчестер сити три години по ред го освојува Лига купот на Англија покажувајќи доминација во ова натпреварување. Сепак, сезонава речиси сигурно Граѓаните ќе го препуштат тронот, и тоа по одлука на тренерот Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег неодамна изјави дека нема доволен фонд на играчи за да може да се издржи темпото и да се игра на секои три дена, па затоа ќе го „жртвува“ Лига купот.

Сепак, првиот обид да биде елиминиран, беше неуспешен за Сити. Граѓаните и со резервниот состав синоќа славеа во дуелот против Борнмут со 2:1 и продолжија во следната фаза. Само Фил Фоден од првиот тим беше на теренот и синоќа, но и тоа беше доволно за Сити да победи. Токму Фоден го даде голот за победа од 2:1 во 75-тата минута.

Со овој триумф, Сити сега е на чекор од еден рекорд во Лига купот. Тимот на Гвардиола има 16 успешни елиминации во ова натпреварување и сега е на дофат на рекордот што го држат Ливерпул и Норингам форест, кои имаат 17 поминувања на противникот во Лига купот. На Ливерпул тоа му успевало во периодот од 1980 до 1984 година, а Нотингам беше доминантен во периодот од 1977 до 1980 година.

- Оглас -

Најнови вести