Сити направи нешто што во Англија не се случило во претходните 126 години

Манчестер сити синоќа славеше на гостувањето на „Гудисон парк“ против Евертон со 3:1 и на тој начин успеа да сруши еден рекорд стар 126 години. Ниту еден тим во елитната англиска лига не бил толку ефикасен по првите седум одиграни кола.

Граѓаните досега имаат постигнато 27 голови, што безмалку е просек од четири гола по меч. Претходно, екипа која имала дадено 27 голови по седум меча е токму Евертон и тоа од далечната сезона 1894/95, односно уште во 19 век.

За да стигне до овој просек, на Сити најмногу му помогна голеадата што ја имаше против Ватфорд, кога шампионот победи со огромни 8:0.

 

- Оглас -

Најнови вести