Сити не бил волку очаен во нападот во последните четири и пол години

Манчестер Сити  непријатно ги изненади своите навивачи, откако дома одигра нерешено, без голови во дуелот со Саутхемптон. Граѓаните беа апсолутни фаворити за победа, но на теренот, играчите на Пеп Гвардиола делуваа без идеја.

За тоа колку беше јалова играта на Сити покажува и статистиката која вели дека англискиот првак упати само еден удар во рамките на голот на Саутхемптон и тоа се случи во 90+ минута, односно во судиското надополнување во вториот дел.

Фил Фоден со глава шутираше, а гостинскиот голман одбрани. Токму по таа акција, Сити даде гол, но беше поништен поради офсајд. Рахим Стерлинг погоди, но голгетерот беше во недозволена позиција. Доколку Стерлинг му дозволеше на Фоден да ја шутне топката во празната мрежа, погодокот ќе важеше.

Сити немал послаб напад во последните четири и пол години во Премиер лигата. Последен пат кога Граѓаните упатиле само еден удар кон противничкиот гол беше на 8 март 2017 година, во дуелот против Стоук.

 

- Оглас -

Најнови вести