Сити е пред договор со голман кој прими 59 гола во сезоната и испадна во Втора лига

Манчестер сити наскоро треба да официјализира еден малку чуден трансфер. Пред договор со англискиот првак е голманот Стефан Ортега, кој во сезоната што измина го носеше дресот на Арминија Билефелд.

Ортега бранеше на 35 меча во Бундеслигата и прими дури 59 гола, односно речиси 1,7 погодоци по меч. Арминија Билефелд беше меѓу најслабите екипи во Бундеслигата и со толку многу примени погодоци неизбежно беше нивното испаѓање во Цвајте, односно втората германска лига.

Германскиот голман во Манчестер сити треба да биде резерва на Бразилецот Едерсон. Граѓаните како резервни голмани ги имаат Скот Карсон и Зек Стефан, но тие двајца сакаат да си заминат од клубот, па затоа Сити е принуден да најде голман кој ќе биде резерва на Едерсон.

Ортега инаку беше четврта опција на проширениот список во германската репрезентација за играчите кои беа дел од ЕП 2020, зад Мануел Нојер, Кевин Трап и Бернард Лено.

Англиското првенство ќе започне на 5 август, што е термин за 10-тина дена порано од вообичаениот старт на останатите сезони.

- Оглас -

Најнови вести