Сити рутински стигна до четвртфиналето во ФА купот и постави апсолутен рекорд (видео)

Манчестер сити оствари рутинска победа од 3-1 на гостувањето кај Свонси за пласман во четвртфиналето во ФА купот.

Граѓаните ја запишаа 15-тата последователна победа во сите натпреварувања и им се приклучија на веќе пласираните Манчестер јунајтед и Борнмунт меѓу топ 8 екипите во најстарото фудбалско натпреварување во светот. Инаку, оваа победничка низа е рекорна во историјата на англискиот фудбал.

Вокер сосема случајно го отвори мечот во 30-тата минута, кога во обид да нафрли, англискиот бек ја затресе мрежата на Лебедите.

Гостите брзо сакаа да ги решат дилемите и го сторија тоа со два погодоци во првите пет минути од второто полувреме. Прво реализираше Стерлинг во 47-мата минута, а потоа и Жезус се запиша во листата на стрелците.

Конечните 3-1 ги постави Витакер во 77-мата минута со почесниот гол за домаќините.

- Оглас -

Најнови вести