Сити се мачи, а без Халанд е уште потешко, Лутон води по првиот дел (Видео)

Европскиот и англиски шампион Манчестер сити игра лошо во последно време, четири меча е без победа во Премиер лигата, а денеска губи по првото полувреме од Лутон.
Граѓаните играат лошо во последно време, а денеска се без услугите на својот најдобар напаѓач Ерлинг Халанд и тоа го искористи Лутон да го шокира шампионот по првото полувреме. Лутон со голот на Адебајо во последните моменти од првиот дел, води со 1:0 против Граѓаните.

Фулам има предност од три гола во градската пресметка со Вест хем, додека без голови е на „Гудисон парк“ во дуелот меѓу Евертон и Челси.

- Оглас -

Најнови вести