Ситуацијата со Ериксен стана јасна

Италијанскиот првак Интер ја објави листата од 24-рица фудбалери на кои ќе смета во Лигата на шампионите сезонава и на списокот го нема Кристијан Ериксен. Данецот, кој има дефибрилатор во срцето, кој не доби дозвола за настап во Серија А, нема да игра ниту во ЛШ.

Не е познато дали Ериксен ќе може да продолжи да игра фудбал по срцевиот удар што го претрпе на отворањето на ЕП во јуни. Интер засега не може да смета на него. Останува да се види како ќе се развива работата и дали Ериксен ќе смее професионално да игра во некоја друга лига, ако веќе забраната важи само за Италија, или Интер ќе остане негов последен клуб и Кристијан ќе мора да ја заврши кариерата.

Првиот меч на Интер во ЛШ е на 15-ти септември дома против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести