Скакулците од Цирих подготвени за висок лет – Ѓорѓев има нови сопственици во Грасхоперс

Грасхоперс, најпопуларниот и најтрофеен клуб во Швајцарија, има нов сопственик, и тоа дама и многу успешна, откако фирмата „Champion Union HK Holdings Limited“ предводена од Џени Ванг го откупи мнозинскиот пакет на акции.

Популарните Скакулци од Цирих повторно ќе бидат моќни бидејќи Ванг е една од најбогатите дами во Хонг Конг.

Таа сега е прв човек на клубот со 27 шампионски титули во Швајцарија. За Грасхопрес игра и нашиот репрезентативец Никола Ѓорѓев, кој беше дел од златната генерација македонски млади репрезентативци што настапи на Европското првенство за играчи до 21 година во Полска.

Грасхоперс беше во голема криза и нема титула во Швајцарија од 2003 година, а моментно игра во Втората лига. До прекинот на шампионатот поради Коронавирусот, популарните Скакулци беа на третото место на табелата со 37 бода, колку што има и Вадуц.

Сега ќе имаат шанса со моќен спонзор зад себе во продолжението на првенството да се изборат за втората позиција, која гарантира бараж за пласман во елитниот ранг на натпревари.

- Оглас -

Најнови вести