Скалони држеше онлајн прес-конференција бидејќи е позитивен на ковид-19, а таму дојде неочекуван „гостин“ (ФОТО)

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, одржа онлајн прес-конференција бидејќи тој и неговиот помошник Пабло Аимар се позитивни на ковид-19.

Но, меѓу присутните се појави и интересен „гостин“, кој ретко дека се очекуваше.

Станува збор за Лео Меси, кој ќе го пропушти овој репрезентативен собир бидејќи Аргентина веќе е сигурен патник на Светското првенство во Катар.

„Мислам дека нема потреба да го повикаме Меси или некои други фудбалери дополнително да си создаваме проблеми. Овој тим што го имаме во моментов е квалитетен и се надевам на добра игра на претстојните натпревари“, изјави Скалони.

Во оваа репрезентативна пауза, Аргентина ќе одигра две средби, против Чиле и Колумбија, но тие нема да имаат никакво резултатско значење.

 

- Оглас -

Најнови вести