Скалони: Не ми е ништо!

Иако тврди дека е добар и нема ништо страшно откако падна од велосипед, сепак се гледа дека аргентинскиот селектор Лионел Скалони и не минал без последици за време на инцидентот во Мајорка, кога автомобил удри во неговиот точак и тренерот паднал на земја.

„На паркингот пред училиштето на син ми, човекот со ’тојотата’ се враќаше наназад и јас со велосипедот удрив во него, паднав и малку ја повредив главата. Ништо друго. Добар, ништо страшно не се случи“, објасни 40-годишниот Скалони кој живее на Мајорка во Шпанија, каде што купи куќа додека играше во шпанската лига.

Возачот на автомобилот не бил пијан, а по социјалните мрежи има доста шеговити монтажи на сметка на Скалони.

- Оглас -

Најнови вести