Фудбалери во Белгија дрогирале и силувале девојка (Фото)

Неверојатен секс-скандал ја потресе Белгија. Фудбалери на нисолигашот Еспуар Минеру наводно дрогирале, а потоа силувале една девојка. Скандалозните фотографии кои се направени во кантината на клубот се појавија во јавноста, која беше згрозена од настанот.

На снимката која се појавува и во медиумите се гледа како девојката лази на подот во кантината на клубот и еден од играчите орално го задоволува. Потоа девојката заминува на столот за масажа, каде што има секс со друг фудбалер.

По целата случка, со своја изјава се појави и мајката на девојката која е главна личност на фотографиите и клипот.

„Постојат докази дека мојата ќерка не е при чиста свест во тие моменти. Сакам ова да биде решено на суд. Играчите не раскажале за сѐ што се случувало“, вели мајката на девојката.

Еден од фудбалерите признава дека ситуацијата излегла од контрола, но демантира дека девојката била насилно терана да го прави тоа што го правела. Целиот случај заврши кај полицијата и отворена е истрага против играчите.

Фотографиите од контроверзниот настан може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести