Скандал го тресе семејството Мејведер: На ќерката на Флојд ѝ се заканува затворска казна од 99 години!

Најбогатиот спортист на светот, пензионираниот боксер Флојд Мејведер, ќе треба да ги ангажира најдобрите адвокати за да си ја спаси ќерката од затворска казна висока до 99 години. Неговата ќерка Лијана ќе и се суди за обид за убиство, откако со два ножеви неколкупати прободела жена која ја затекнала во куќата на нејзиното момче.

Деветнаесетгодишната Лијана е во врска со американскиот рапер Дешон Голден, попознат како „NBA Youngboy“, а обидот за убиство го сторила во неговата куќа откако ја затекналата жената која тврди дека е мајка на четирите деца на Дешон. Двете се расправале одредено време, по што Лијана посегнала по два ножеви и ја прободела, а жената за среќа не е тешко повредена.

Ќерката на Мејведер неколку дена поминала зад решетки пред да ѝ биде платена кауцијата од 30.000 долари, што значи судењето ќе го чека на слобода, а ѝ се закануваат до 99 години затворска казна.

- Оглас -

Најнови вести