Скандал ја тресе БиХ после закажувањето пријателски меч со Русија, и Пјаниќ бил против

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, се согласи репрезентацијата на БиХ во ноември во Санкт Петербург да игра пријателски меч против Русија, земја која е суспендирана од ФИФА поради војната во Украина.

Широк е фронтот против ваквата одлука на комитетот за итност, дури и потпретседателот на федерацијата бил контра, како и еден од главните играчи во националниот тим, Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ изјави дека е шокиран, бидејќи мислел оти откако дал негативен одговор, тоа е тоа, и ќе се почитува неговото мислење. Тој нема намера да игра на таков натпревар.

- Оглас -

Најнови вести