Најпопуларниот и веројатно најдобриот снукер играч во историјата, Рони О‘Саливен, за време на мечот против Дејвид Гилберт од првото коло на Светското првенство симулираше мастурбирање и ќе биде казнет за овој непристоен гест.
Снукерот е џентлменски спорт и вакви испади не минуваат неказнето, а на шесткратниот светски првак нема да му биде првпат да добие парична казна. Рони, кој има 46 години, го победи Гилберт со 10-5 во фрејмови, а во следната рунда за противник го има Марк Ален.