Скандал на градското дерби во Торино, Алегри му удри клоца на Бернардески (Видео)

Јувентус со гол на Мануел Локатели во 86-та минута, го совлада градскиот ривал Торино со 1-0 и врза три победи едноподруго во Серија А, продолжувајќи ја одличната низа против Биковите од кои Старата дама загубила само еднаш во последните 31 лигашки средби.

Триумфот го одбележа и еден непријатен момент. Тренерот Масимилијано Алегри во обид да го мотивира Федерико Бернардески, во еден момент пред да го извади од игра, и да го замени со Дејан Кулушевски, го поткачи со клоца во задникот.

Погледнете го контроверзниот момент кој Алегри ќе треба да го објасни:

- Оглас -

Најнови вести