Скандал на младинското ЕП во Србија: Кошаркари одбија да играат и само си ја додаваа топката (Видео)

Организаторот на Европското првенство за кошаркари до 18 години доживеа невиден срам, откако репрезентациите на Турција и Полска повеќе од четири минути не играа и само се шетаа по теренот.

Првенството се игра во Ниш, Србија, а организаторот не успеа да обезбеди климатизирана сала, па кошаркарите мораа да играат на многу топло и спарно време, а подлогата, односно паркетот е приказна сама за себе. Поради топлиот воздух паркетот беше толку лизгав, што натпреварот не можеше нормално да се одвива и постојано играта беше во прекин за да се брише.

На четири минути до крајот на натпреварот при резултат 78-63 за Турција, играчите на двете репрезентации се договорија дека нема повеќе да играат и ќе чекаат само да истече времето. Тоа и го направија и до крајот на натпреварот не беше постигнат ниту еден поен.

https://twitter.com/BasketNews_com/status/1682830369580625922?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1682830369580625922%7Ctwgr%5Ed3c2ad7a965db9b4b264915c289dcdf4ced48429%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Fkosarka%2Feurobasket-u18-nis-dvorana-klima-klizavo-parket-turska-poljska-setnja%2F455070

- Оглас -

Најнови вести