Скандал на САД опен: протестант се залепи за бетонот, полуфиналето беше прекинато 50 минути!

Борците против климатски промени се најдоа во центарот на вниманието за време на полуфиналето на тенискиот САД опен помеѓу Коко Гоф и Каролина Мухова.

Протестантите носеа маици на кои бараа крај на користењето на фосилни горива, а обезбедувањето не знаеше што да прави откако едниот од нив се залепи за бетонот под неговите нозе. Подоцна дојде и полиција, протестантите беа приведени.

Инаку, во женското финале ќе играат Американката Коко Гоф и Белорусинката Арина Сабаленка. Гоф во полуфиналето победи без проблеми, а Сабаленка првиот сет против Медисон Кис го загуби со 0-6, па двапати во тај брејк со по 7-6 направи пресврт.

- Оглас -

Најнови вести