Хаос во лигата на европските прваци – Фенерџијата испадна и се распадна, не сака да игра во последното коло

Раководството на Авеш објави дека прволигашот што веќе испадна нема да го игра мечот од последното коло во португалската Примеира против Портимонензе.

Авеш нема шанси за опстанок, а и егзистенцијата на клубот е неизвесна, бидејќи клубот се соочува со огромна финансиска криза, па објавија дека не сакаат да играат со младинци против Портимонензе.

„Долг период играчите немаат добиено плата и не сакаат веќе да играат. Ние не сакаме да играме со фудбалери од младинскиот погон и со тоа да ја нарушиме регуларноста во првенството. Нема да патуваме во Портимао, иако сме свесни за последиците“, изјавија од таборот на Авеш.

За четири дена Авеш ќе и биде домаќин на Бенфика во меч што не одлучува ништо, но многу е спорно што не сакаат да играат против Портимонензе на 26. јули во последното коло.

Клубот од Портимао се бори за опстанок и ако екипата на Авеш не се појави на терен, Портимонензе ќе добие три бода на тацна што ќе им наштети на конкурентите Сетубал, Тондела и Белененшеш, кои исто така бијат битка за да го одбегнат 17. место кое води во Втората португалска лига.

На две кола до крајот Авеш со само 17 бода е веќе испаднат, а Портимонензе, Сетубал и Тондела имаат по 30 бода на делба на претпоследната позиција што исто така води во понизок ранг на натпревари. Белененшеш е во најдобра позиција со 32 бода во квартетот најзагрозени екипи во Примеира.

 

- Оглас -

Најнови вести