Скандал во Шпанија! Судијата признава дека требало да му даде црвен картон на Винисиус, ама му простува (Видео)

Барселона и без неколку стандардни првотимци успеа да го победи Реал во Мадрид во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија, но страстите уште се жешки. Иако Барселона победи, судијата е на удар на каталонскиот гигант.

Едер Милитао, кој си постигна автогол за победа на Барселона од 1:0, се најде во центарот на скандалот поврзан со судијата. Една минута пред да биде постигнат автоголот, на средината од теренот се случи интересен момент.

Винисиус јуниор и Френки де Јонг беа во борба за една топка, кога во еден момент Бразилецот го фати фудбалерот на Барселона за врат и буквално го фрли на земја. Главниот судија Мануел Монтеро му даде жолт картон на Бразилецот, а фудбалерите на Реал дури и бурно реагираа за оваа опомена на Винисиус.

Милитао беше еден од оние кои влезе во дијалог со судијата, а на видеоснимка се гледа како арбитерот му објаснува на играчот на Реал: „Едер слушај ме. Црвен беше, во ред? Црвен картон е тоа, го фати за врат и го фрли на земја“.

По ова видео, навивачите на Барселона преку социјалните мрежи бурно реагираат дека Реал Мадрид е фаворизиран од арбитрите. Само пред една недела, Реал Мадрид дома играше против Атлетико и гостинскиот играч Кореа доби црвен картон поради удар со лакт, а за многумина тоа беше престрога казна во користи на Реал.

- Оглас -

Најнови вести