Скандал во Србија, натпревар мораше да биде прекинат во 12-та минута

На натпреварот помеѓу Раднички Крагуевац и Борац Чачак од српската Прва лига (втора по ранг зад Суперлигата), гостите кои играа со шестмина плус голман, веќе во 12-та минута останаа со само петмина во поле откако се повреди Стефан Бојовиќ, па судијата Данило Јериниќ мораше да постапи по правилата и отсвири крај.

Мечот ќе биде регистриран со 3-0 за Раднички. Екипата на Борац неодамна беше казнета со одземање на 6 бода и парично со 4 милиони динари за местење на натпревар со Железничар Панчево, па во знак на протест и од револт, во Крагуевац заминаа само со седуммина. Прво најавуваа дека нема да патуваат, но така ќе добиеја поригорозна казна, па најдоа друг начин како да тераат инает со српската фудбалска федерација со која се тужат.

- Оглас -

Најнови вести