Скандалозно претставување на Јазиџи во ЦСКА: му порачаа дека во Москва има многу Наташи (Фото)

ЦСКА Москва ги суспендираше од работа авторите на скандалозната презентација на новото засилување, Турчинот Јусуф Јазиџи. Сакаа да бидат интересни и креативни, но претераа со тоа што Русинките ги направија „лесни жени“ во наводен разговор со Јазиџи за време на преговорите.

„Јусуф здраво, те чекаме во ЦСКА. Јусуф, каде си, подготвени сме за потпишување на договорот“.

Овој разговор е измислен, а Турчинот не им одговара на пораките на Русите. И тогаш следува главната понуда: „Јусуф, ова е Русија, имаме мнигу Наташи тука“.

На ова, Јазиџи одговара: „Доаѓам за 5 минути, веќе патувам натаму“.

Без работа како уредник во телевизијата на ЦСКА остана Катерина Кирилчева, која јавно се извини и ја презеде одговорноста.

- Оглас -

Најнови вести