Микел Хансен беше незадржлив и со неверијатни 14 погодоци и најзаслужен за големата победа на Данска против Норвешка во скандинавското дерби на ракометниот Мундијал.
Данците победија со 30:26, а Хансен безмалку постигна половина голови во победничкиот табор. Ова е значаен триумф и на Данците им носи максимален број бодови, четири во следната фаза по групи на Светското првенство.
Покрај Хансен, расположен за голови беше и Расмус Лауге Шмит со 7 погодоци. Кај Норвежаните, кои го претрпеа првиот пораз на СП, Јоханесен беше најефикасен со пет погодоци.