Скапи се оргиите во ера на ковид-19 – Евертон го удри по џеб немирниот Кен

Во Евертон се разочарани од однесувањето на 20-годишниот напаѓа Мојзе Кен и одлучија да го казнат со 200 илјади евра по глупоста што ја направи во време кога светот се бори со ковид-19.

Кен ќе остане без две неделни плати од по 80 илјади фунти, или околу 100 илјади неделно, колку што заработува според договорот од популарните Карамели.

Напаѓачот во услови кога владее пандемијата со Коронавирус си организирал оргии за себе и за пријателите во својот стан во Чешир.

Дамите кои биле присутни на забранетата забава објавиле дел од фотографиите на социјалните мрежи, а реагираа веднаш од таборот на Евертон.

„Разочарани сме од ваков несериозен однос на фудбалер што треба да биде модел за младите. Ќе добие максимална казна“, соопштија од таборот на премиерлигашот.
Евертон плати отштета за Кен од 30 милиони евра, кои заминаа на сметка на неговиот претходен клуб, Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести