Скапо ќе го чини журката – Израелска ѕвезда нападна полицаец и заврши во затвор

Еран Захави заврши со лисици на рацете и е приведен од полицијата, откако направил голем инцидент во својот дом во Савион.

Најголемата фудбалска ѕвезда и најдобар стрелец на израелската репрезентација бил пријавен од соседите за неподнослива бука на журката што ја правел во својот дом, а потоа направил и голем инцидент. Со нога ја удрил вратата при контролата на полицијата и повредил службено лице по што е приведен.

Очевидци велат дека Захави одбил да се легитимира и постојано ги пцуел полицајците, па со лисици на раце е приведен и заврши во затвор.

Захави игра за конески Гвангжу, а го паметиме и по инцидентот што го направи на мечот со Македонија во Хаифа пред три години.

Тогаш беше капитен на Израел и тешко му падна поразот од 0:1, па ја фрли лентата на терен, по што беше казнет и исфрлен од репрезентацијата. Потоа се извини и играше против Македонија на следните два меча, а постигна и еден гол против нас.

Сега направи нов голем инцидент и според законите во Израел го чека строга казна.

- Оглас -

Најнови вести