Скариоло: Симиќ веќе е добар играч

Шпанскиот селектор Серџо Скариоло, најде и замерки за својот тим после победата над Македонија, не беше задоволен од процентот на реализација на некои отворени тројки, а даде свое мислење и за Теодор Симиќ.

„Знаеме дека Симиќ е талентиран, тим како Барселона не му дава стипендија за џабе. Прилично опасен обар шутер е, треба да се засили физички, но може да биде добар играч, всушност тој веќе е добар играч“ – рече Серџо Скариоло.

- Оглас -

Најнови вести