Сколс: Ја славев европската титула во 1999, ама срам ми беше

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, изјави дека се срамел да ја слави европската титула во 1999 година затоа што не играл во финалето.

Сколс даде свој придонес на патот до финалето, но не го играше лудиот меч на „Камп ноу“ на кој Црвените ѓаволи со невиден пресврт го победија Баерн со 2-1, со голови во 92-рата и 94-тата минута.

Сколс и Рој Кин поради суспензија го пропуштија финалето, но по мечот, дотерани во костуми се симнаа на терен и ја славеа незаборавната победа.

„Не се чувствував како дел од тимот во тие моменти. Кога си на трибини, немаш никаква контрола врз тоа што се случува на терен. Отидовме на терен, но искрено, срам ми беше“, вели Сколс, кој девет години подоцна го играше финалето против Челзи, кога го освои својот втор трофеј во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести