Сколс сега треба да најде место каде да се скрие

Манчестер јунајтед загуби во финалето од Лигата на Европа, откако по многу драма, одиграни 120 минути и шутнати дури 22 пенали, загуби од Вилјареал. По регуларниот дел беше 1:1, а во пенал рулетот Вилјареал победи со 11:10.

За Жолтата подморница ова е прв европски трофеј и тоа против екипа која три пати била европски првак, а ја имаше освојувано и Лигата на Европа. Манчестер јунајтед веќе четврта сезона завршува без ниту еден трофеј, иако пред почетокот на финалето, легендата на Црвените ѓаволи, Пол Сколс беше убеден дека трофејот ќе заврши во витрините на „Олд Трафорд“. Сколс многу го потцени квалитетот на Вилјареал.

„Играте против Вилјареал, тим кој заврши на седмото место во слабата Ла Лига. Да се сетиме како изгледаа Реал Мадрид и Барселона сезонава. Манчестер треба лесно да го добие финалето“, велеше Сколс пред финалето во Лигата на Европа.

По мечот, Сколс мораше да признае дека згреши во проценките.

„Фудбалерите на Манчестер не беа добри на теренот. Мора да се признае дека има напредок во однос на претходните сезони, но се чини дека поразите станаа како прифатлива работа во овој Манчестер. Ако Солскјер не освои некој трофеј во брзо време, тоа ќе биде голем проблем за него. На играчи како Бруно Фернандес и Едисон Кавани овој пораз не им се допадна, но на останатите меѓу кои и тренерот делува како овј резултат да им е прифатлив“, анализираше Сколс по финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести