Македонија Ѓорче Петров ремизира без голови во првиот дуел против ЦСКА Софија, па во реваншот за седум дена ќе се тргне од нула.
Фудбалерите на Мухарем Бајрами може да се задоволни со резултатот ако се земе предвид дека целото второ полувреме го одиграа со играч помалку.
Исклучувањето на Ламос пред крајот на првите 45 минути ги наруши плановите на тимот од Ѓорче Петров, а ниту жештината во нашата метропола беше поднослива за во целост да се истакне квалитетот. Лавовите делуваа поповлечено во вториот дел и успеаја да ја сочуваат мрежата на Стевковски.
Реваншот е предвиден да се одигра на 28 јули во Софија, со почеток од 19 часот.