Во скромниот старт на Леванте светла точка беше само Барди

Енис Барди се обидуваше да ја разбуди екипата на Леванте, имаше и одлична шанса, но комплетниот впечаток е лош во премиерниот пораз на Леванте во Ла Лига.

Алавес победи на домашен терен со 1:0, а кризата кај Леванте што со серијата порази во претсезоната беше најавена се продолабочува.

„Барди се обидуваше, имаше и шанса, но сè на сè, Леванте одигра лош меч. Гостите имаа малку шанси, а многу работи не функционираа во тимот“, пишуваат новинарите на eldesmarque.com.

Барди ја почна третата сезона во Ла Лига и трета за него во дресот на Леванте, а во претходните две сезони беше едно од најпријатните изнанедувања во тимот од околината на Валенсија и воопшто во Ла Лига.

Во првата сезона мамеше воздишки со топовски удари, со борбеноста, но и со квалитетот, а особено се паметат одличните голови од слободен удар.

Барди во премиерната сезона во Ла Лига постигна 9 голови на 26 меча, што е одличен ефект за играч од средниот ред. Послаб му беше голгетерскиот учинок лани, кога даде 3 гола, но повторно играше на високо ниво и е еден од најстандарните првотимци на Леванте.

- Оглас -

Најнови вести