Скромниот Барди: Среќен сум што со головите ѝ помагам на екипата

Македонскиот репрезентативец Енис Барди прераснува во ѕвезда на Леванте, а од вчера е клупски рекорден како странец со најмногу погодоци во дресот на Леванте (19 гола).

Нашиот плејмејкер вчера двапати ја тресеше мрежата на Селта и му помогна на тимот да слави победа од 3-2. Откако беше прогласен за играч на натпреварот, Барди даде скромна изјава.

„Покажавме дека имаме карактер и дека сакаме да се бориме до самиот крај. Јас сум среќен што со погодоците ѝ помогнав на екипата да оствари победа. Мислам дека можам уште да напредувам и да носам уште подобри резултати“, истакна Барди.

Македонецот од вчера брои вкупно седум гола во Ла Лига за оваа сезона, односно 19 откако го облече дресот на Леванте. Добрите игри речиси дефинитивно може да му обезбедат трансфер во поквалитетна и поамбициозна екипа, а Арсенал веќе се распрашува за услугите на Барди.

- Оглас -

Најнови вести