Скромно, нема што – Тренираа во парк пред мечот со Ливерпул

Играчите на Шефилд јунајтед имаат интерeсен тренинг утринава непосредно пред мечот со Ливерпул на „Енфилд роуд“, а последните подготовки пред дуелот со европскиот првак ги имаа во локален парк.

Стенли парк е едно од култните места во Ливерпул и се наоѓа меѓу двата познати стадиони во градот, меѓу „Енфилд роуд“, кој е дом на Ливерпул, и „Гудисон парк“, фудбалска арена на која како домаќин настапува Евертон. Токму на ова место, во Стенли парк играчите на Шефилд тренираа ова утро како загревање за дуелот со Ливерпул што ќе се игра вечерва од 21 часот.

Шефилд јунајтед има непријатна традиција во меѓусебните дуели со Ливерпул и претрпе пет порази на последните пет гостувања на „Енфилд роуд“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести