Скршено срцето на германската легенда која кариерата најверојарно ќе ја заврши без ниту една титула во Бундеслигата

Марко Ројс е фудбалерот кој 11 години е верен на Борусија Дортмунд и сон му беше да ја освои титулата во Бундеслигата со овој клуб. искусниот 33-годишен Ројс денеска беше пред остварување на сонот, но на крајот му се случи кошмар.

Борусија беше прва на табелата и требаше дома да го победи Мајнц за да биде шампион и да ја прекине 10-годишната доминација на Баерн Минхен. На крајот, Борусија одигра само 2:2 против Мајнц, а Баерн со голот на Мусиала во 89 минута стигна до победа кај Келн, па баварците ја продолжија доминацијата и 11 пат во низа се прваци.

По завршување на дуелот во Дортмунд, Ројс остана „скршен“ и едноставно падна на тревата на стадионот, останувајќи да жали за најголемата шанса да стигне до првата титула во Бундеслигата.

И останатите фудбалери на Борусија беа во неверување дека не успеаа да ја освојат титулата, но секако дека на Ројс му е најтешко.

- Оглас -

Најнови вести