Многу слатка добивка има обложувач од скопската населба Кисела Вода на мајсторски одигран тикет со 11 парови. Со уплата од само 20 денари, си ќари околу 3.000 евра, а клучен беше голот со последниот удар во првото полувреме на норвешкото дерби меѓу Бран и Розенборг, со кој Ерик Хофланд израмни на 1:1.
МАЈСТОРСКИ МИКС СО ФАНТАСТИЧЕН КОЕФИЦИЕНТ ОД 9.835
Миксот од натпревари од долгата низа на различни игри што ги нуди Sport Life умешно го искористи за да состави комбинација што е добитна со неверојатен вкупен коефициент од 9.835 и вкупна добивка од 196.692 денари.
Интересно е што на тикетот доминираат „нулите“ на полувреме, игра што поретко се практикува, но во овој случај се покажа одлична за топ-добивка.
Ги има пет и на четири од нив беше многу мирно во првите 45 минути, но затоа на петтиот имаше многу возбудувања и голема среќа за сопственикот на тикетот.
Најтрофејниот норвешки клуб Розенборг успеа да израмни на 1:1 во Берген против Бран во втората минута од судиското продолжение на првиот дел, или и буквално со последниот удар во полувремето.
Потоа сè одеше како под конец. Дури и Рапид успеа по негатива од 0:2 во Грац против Штурм да дојде до пресврт од 3:2, а за добивка клучен беше голот на Шваб од пенал во 83-тата минута.
СКАНДИНАВЦИТЕ НЕ ДОЦНАТ СО ГОЛОВИ, ДОНЕСОА ОДЛИЧНА ДОБИВКА И ВО ЧАИР
Одлична добитна викенд единаесетка исто така имаше и во Чаир, а и тука Скандинавците беа клучни за голема радост и ќар од 182.383 денари.
Шампионот ФК Копенхаген долго се мачеше да го најде патот до мрежата на Митјиланд, а со автогол им помогна гостинскиот играч Паулињо. Сосема доволно за голема добивка на обложувач што за 100 денари го уплатил тикетот во Sport Life во Чаир, а доби скоро 3.000 евра. Во Копенхаген се чекаше гол во двете мрежи, или популарната игра Гол-Гол (ГГ) и условот се исполни во 92-рата минута во поразот на фаворитот од 1:2.
За да има добивка во Чаир, се погрижи и Интер со два гола во последните десеттина минути и пресврт за победа од 2:1 против Парма. Блиц-кригот за 180 секунди во Парма донесе многу радост и печат на одлично одиграната комбинација од 11 натпревари, претежно со познатите игри Гол-Гол и Гол-Гол&3+.