Слатка одмазда на Торонто, фуриозна втора третина на „нафташите“ во Бафало

Торонто мејплс лифс со убедливи 2-6 славеше на гостувањет кај Калгари флејмс и успеа да се одмазди за поразот (1-3) на домашен терен претрпен во октомври минатата година. Тајлер Енис ги предводеше „јаворовите листови“ со хет-трик, кои му го нанесоа вториот последователен пораз на лидерот од Западната конференција.

Гостите поведоа со 3-0 по првиот период, во кој доминираше Енис со два гола, а потоа во почетокот на третата третина го оствари хет-трикот, во моменти кога веќе се знаеше победникот. Торонто ја оствари 41-вата победа по 66 меча, а за Калгари ова беше вкупно 25-ти пораз оваа сезона.

Едмонтон ојлерс одиграа одлична втора третина и со престврт на гостувањето кај Бафало сејберс славеа со 3-4. Домаќините имаа предност од два гола по воведните 20 минути, но „нафташите“ се разбудија во вториот период и за помалку од четири минути постигнаа три гола со кои го остварија пресвртот за трета победа во низа.

- Оглас -

Најнови вести