Новиот напаѓач на Наполи, Ромелу Лукаку, е почестен со она што станува локална традиција, доби торта со неговиот лик.
Белгиецот кој го комплетира трансферот од Челзи веднаш постигна гол на своето деби за Наполи.
Лукаку е прикажан во форма на торта со чоколаден сунѓер, чоколаден ганаш и чоколадни нишки кои ја претставуваат неговата брада. Светло синиот шлаг треба да го означи дресот на Наполи, заедно со очите и насмевката.
Оваа иста слаткарница лани направи торта и со ликот на Виктор Осимен, а Нигериецот, кој сега како позајмен ќе игра за Галатасарај, лично дојде да ја види и да ја проба тортата.
Torta Lukaku 🍾🍾👏👏💯😁💪💙 pic.twitter.com/1TUU96zZVx
— Geppy Amato (@GeppyAmato) September 3, 2024