Флик се мисли дали стартер да биде Милер или Ројс, или можеби да играат заедно

Германскиот национален тим кој вечерва гостува во Скопје против Македонија во меч од квалификациите за СП 2022, има голем број на ѕвезди, и нема место за сите во почетните 11, па селекторот Ханси Флик треба да бира кого ќе остава на клупата за резерви.

Тоа се слатки маки за Флик, а според германските медиуми, селекторот има една дилема и денеска пред самиот натпревар ќе треба да одлучи дали од прва минута да игра Томас Милер или Марко Ројс. Двајцата се 32-годишни искусни и квалитетни фудбалери, па кој и да истрча од почеток, нема да биде проблем за Панцерите.

Милер од Баерн и Ројс од Борусија Дортмунд не беа во германскиот тим во март кога во Дуизбург ги шокиравме со 2-1, и мотивацијата нема да им изостане. Милер со својот гол им донесе победа на Германците пред три дена против Романија. Тој тогаш беше резерва, влезе на местото на Ројс, па Флик размислува дали да им ги смени улогите.

Се спомнува и варијанта во почетниот состав да бидат и Ројс и Милер, а жртвуван да биде Тимо Вернер кој не се прослави против Романија, па улогата на централен напаѓач да ја има Милер.

- Оглас -

Најнови вести