Славен Белупо донесе играч кој му даде гол на Реал во незаборавно Ел Класико (Видео)

Венецуелскиот фудбалер Жефрен Суарез е нов член на хрватскиот Славен Белупо. Жефрен сега е 32-годишен, но беше некогашен талент на Барселона. Пеп Гвардиола во ноември 2010 година му даде шанса да заигра на Ел Класико против Реал Мадрид, а тој даде гол за 5-0, најголемата катастрофа која Жозе Мурињо ја доживеа во кариерата како тренер.

Жефрен од Барселона си замина во 2011 година и во дресот на Каталонците имаше по три гола и асистенции. Фудбалскиот пат го донесе во Хрватска, а дебито може да го има в сабота, против сплитскиот Хајдук.

- Оглас -

Најнови вести