Слави Мајорка, слави и Надал враќање во Ла Лига (видео)

Мајорка им се придружи на Осасуна и Гранада како трет тим од шпанската Втора лига кој обезбеди пласман во елитата. Во реванш-мечот од финалната серија во плејофот, Мајорка триумфираше со 3-0 против Депортиво Ла Коруња надополнувајќи два гола негатива од првиот дуел, па така по шест години пауза овој тим повторно ќе игра во Ла Лига.

Вчера на стадионот „Иберостар“ се славеше на големо. Непосредно по последниот свиреж на судијата навивачите влетаа на терен како стампедо, а од ВИП ложата поддршка даваше и еден од најверните популарни навивачи на Мајорка, Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести