Славење во соблекувална, славење на улиците во Париз, сопственикот на ПСЖ еуфоричен (Видео)

Пари Сен Жермен првпат по 25 години ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите, па разбирливо е што радоста во клубот беше голема, особено поради начинот на кој ја елиминираа Аталанта во синоќешното четвртфинале, со два гола во самиот финиш. Еве како беше во соблекувалната на Светците:

https://twitter.com/i/status/1293683376659070977

Славење имаше и на улиците на Париз, фановите излегоа со автомобили на Елисејските полиња и со свирење и огномети го прославуваа успехот по кој се убедени дека е „знак од Господ“ и дека ова е сезоната во која може да станат европски шампоиони.

https://twitter.com/i/status/1293679848481751040

Еуфоричен беше и сопственикот, Насер Ал-Келаифи, кој посакува конечно да се исплатат неговите вложувања од 1,5 милијарда евра во создавањето силен тим кој ќе ја покори Европа.

„Се разбира дека ќе им ги продолжиме договорите на Нејмар и Мбапе. Тие се двајца од најдобрите фудбалери на светот. Никогаш нема да ги продадеме, остануваат во ПСЖ“, изјави Ал-Келаифи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести