Пранешната светска тенисерка број 2, Агњешка Радванска, ги изненади фановите откако одлучи да гради кариера во нов спорт. Полската тенисерка многу рано, на 28-годишна возраст одлучи да се збогува со тенисот и да се посвети на мајчинството.
Радванска во својата кариера освои 20 ВТА турнири и заработи 27 милиони долари, но сега повторно е активна на спортските терени, и тоа во спортот падел. Тоа е спорт кој е сличен на тенисот, а најпопуларен е во Шпанија.
Retired Radwanska back on court on Padel Tour https://t.co/lGdvU2ZqVq pic.twitter.com/YvlVykdDyN
— CNA (@ChannelNewsAsia) February 7, 2024
Поранешната тенисерка од Полска во моментов настапува на професионален турнир во Шпанија, а како што вели, тренира само двапати неделно.