Историски меч во Берлин: Динамо на гости ќе го бодрат 35.000 навивачи !

Екипата на Динамо Дрезден ќе се чувствува како да игра на свој терен, иако гостува кај Херта во Берлин, во меч од Купот на Германија. Според најавите, во Берлин е пристигнатa неверојатна бројка од 35.000 навивачи на Динамо. Дури на фактот дека се игра во работен ден не ги спречи симпатизерите на тимот од Дрезден да допатуваат во рекорден број во Берлин.

Вкупниот капацитет на Олимпискиот стадион во Берлин е 74.000 гледачи, што значи дека ако биде исполнет до последно место, двете екипи ќе имаат речиси рамноправна поддршка од трибините.

Одалеченоста на двата града е околу 200 километри, а меѓу овие клубови владее огромен ривалитет, што значи дека може да очекуваме динамична и борбена игра на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести